Што е R32?

Светот се менува. Да бидеме подготвени!

aircon_klima_toshiba_r32.png

Ние и Toshiba, секогаш настојуваме нашите проекти и цели да се насочени кон подобра иднина. Нашите идеи и иновации се на врвот на иновациите, а тие се во црцето на сите производи и услуги кои ги имаме. Истите секогаш имаат цел да ја зачуваат нашата сина планета.

Сега, повеќе од било кога, технологијата ги менува ставовите на луѓето, а воедно и го менува светот. Ние ниту ги следиме новите технологии, ниту се адаптираме; ние ги предвидуваме и креираме.

Токму од тие причини новата генерација на клима уреди на TOSHIBA го користат новиот ладилен флуид R32 кој пак има низок потенцијал за зголемување на глобалното затоплување.

TOSHIBA работи кон креирање на подобра иднина за нашата планета, за нас и за нашите деца.

klima_aircon_family.png

ЛЕСНА ПРОМЕНА...

Фундаменталните компоненти на TOSHIBA остануваат исти со новиот ладилен флуид R32. Уникатната комбинација на TOSHIBA, со двојни ротирачки компресор кој е срцето на уредот, заедно со целосната инвертерска контрола гарантираат прецизност и стручност каков што е и познатиот Јапонски квалитет. Сето ова резултира со високи перформанси и ефикасност, нешто на што сите TOSHIBA клиенти се веќе навикнати.

    compressor_twin_aircon_klima.png

    ..за доброто на сите!

    Посветени на животната срединА

    • Совршен баланс меѓу безбедната средина и вашата удобност.
    • Енергетска ефикасност за поголема заштеда.
    Asset 11.png

    ВИСТИНСКИОТ ИЗБОР

    Со TOSHIBA вие чекорите кон паметено, одржливо и безбедно системско решение.

    • Комплетна понуда за резиденцијалниот и комерцијалниот/бизнис пазар.
    • 30% намалување во полнењето со ладилен флуид = 80% намалување на CO2 емисиите.
    GWP_klima_efficiency_toshiba
    • Нови опции како детекција на протекување и следење на ел. енергија
    • Eurovent сертификација

    Toshiba успешно продава системи со R32 во Јапонија од 2014, одберете го експертот за инспиративни технологии!

    Со нашата посветеност кон врвна ефикасност, лесно приспособлив капацитет и водечки квалитет, TOSHIBA секогаш е на врвот на технологијата за климатизирање на воздухот, истовремено трудејќи се да пронајде иновативни решенија за подобар свет.

    TOSHIBA е иноватор и провајдер на целосни решенија за климатизација со светски позната сигурност и удобрност.

    Сите решенија на AIRCON DOO во целост се посветени кон визијата на производителот. Не случајно AIRCON DOO e PREMIUM PARTNER на TOSHIBA повеќе до 20 години!