TOSHIBA MIRAI - Иднина

Моето ново дизајнерско парче, директно од иднината.

toshiba_aircon_skopje_mirai.jpg

Новиот MIRAI е креиран и развиен со цел да достигне целосна синергија меѓу корисникот и уредот. Технолошките, карактеристики и паметните функции, заедно, се основата за одлично третирање на воздухот и едноставност при користењето.

МОДЕРЕН ДИЗАЈН

Новиот високоѕиден уред на Toshiba е совршен склоп на естетика и технологија, дискретен дизајн, флуидни и едноставни кривини, а со заднинско осветлените декорации е вистинско декоративно дизајнерско дело. Без разлика дали уредот е вклучен или не, хармоничниот дизајн и компактноста совршено се вклопуваат во секој домашен décor.

Тишина!

toshiba_aircon_mk_klima_mirai

MIRAI гарантира спокој и тишина! За време на развојот на единицата, особено внимание е посветено за да се намали, односно сведе на минимум бучавоста на уредот. Со тоа го имаме најтивкиот уред во својата категорија: до 22 dB(A).

Врвната технологија е достапна со R32 и R410A ладилни флуиди

mirai_toshiba_aircon_klima_mk.jpg

ЗНАЧИТЕЛНИ ЗАШТЕДИ НА ЕНЕРГИЈА

Како и сите останати уреди на Toshiba така и новиот, MIRAI се карактеризира со ниска потрошувачка на енергија. Уредот е во А+ класа при греење и ладење, со што се овозможува заштеда и удобност и во двете верзии на моделот, без разлика дали користи ладилен флуид R410A или R32. Сите модели се во A+ / A+ енергетска класа за ладење и греење.

toshiba_aircon_mk_klima
  • Новиот R32 ладилен флуид е идеално балансиран меѓу енергетската ефикасност и грижата за околината.
  • Количините на HFCs кои се пласираат на пазарот постепеноќе се намалуваат додека не го стигнат, минималното ниво до 2030.

Дизајнирано во Јапонија

toshiba_aircon_klima_mk.jpg

Иновациите, ефикасноста, сигурноста, енерегетските заштеди, грижата за околината… Сите овие, се моќни вредности кои се во срцето на Toshiba. Преку 50 години Toshiba им овозможува на своите клиенти гарантирана прецизност и беспрекорен Јапонски квалитет.

Новите MIRAI системи, се развиени од врвни инженери, во компанија која највисоко ја вреднува иновацијата и квалитетот. Сето ова во комбинација со светски врвните производствени капацитети на Toshiba му овозможува на крајниот корисник - производ кој е врвна класа, произведен по најстроги стандарди.

ИНВЕРТЕРСКА ТЕХНОЛОГИЈА: ИНОВАЦИЈАТА НА TOSHIBA

Создадено од Toshiba, Инвертерската технологија му овозможува на уредот да го регулира својот капацитет постојано.Тоа го достигнува со прилагодување на брзината на компресорот според побарувачката за ладење.

toshiba_klima_.jpg

Инвертерската технологија ја одржува температурата во непосредната околина на уредот прецизно и континуирано. Високоите, нивоа на перформанс и ефикасност на самата технологија се доволни да ги задоволат и најголемите побарувања.

 

toshiba_aircon_mk_skopje

Новиот Хибриден Инвертер користи PAM (Pulse Amplitude Modulation) за највисоките нивоа на сила и PW (Pulse With Modulation) за енергетска ефикасност. Инвертерскиот систем на Toshiba нуди хибриден пристап за да го овозможи најдоброто од двете.

Контрола, секаде и во секое време

control_aircon_wifi

Имајќи ја удобноста на корисниците, како приоритет, Toshiba ви нуди далечински функции кои можат да го олеснат секојдневието. Како вистински поврзан објект MIRAI  може да се користи секаде и во секое време, со помош на SMS пораки или преку WiFi далечинска контрола системите нудат максимална благосостојба и оптимизирани енергетски заштеди.

aircon_toshiba_kombi

Далечинска контрола преку мобилна мрежа и SMS Далечинска контрола преку IOS или Android паметен телефон е можно со симнување наапликацијата “Combi Control”. Потоа се испраќа SMS директрно до уредот Combi Control box кој е поставен во вашиот дом. Резултат е идеално решение и удобност во неколку безбедни кликови.

aircon_intesis_home

Далечинска контрола преку Wi-Fi Оваа далечинска контрола користи INTESIS HOME,  уред кој е поставен во близинана внатрешната единица. Нагодувањатасе едноставни и можете да ја контролирате единицата од било кој паметен уред.Дизајнот на самиот уред е ненаметливи лесно се вклопува во било којдомашен décor.

Можеме да резимираме дека новиот модел на клима уред MIRAI од производителот TOSHIBA е идеално решение за секој дом. Истиот е достапен во нашата промотивна понуда.

Промотивните цени на двата модели MIRAI 13 и MIRAI 16 се достапни на само еден клик.