Иновациите, ефикасноста, сигурноста, енерегетските заштеди, грижата за околината… Сите овие, се моќни вредности кои се во срцето на Toshiba. Преку 50 години Toshiba им овозможува на своите клиенти гарантирана прецизност и беспрекорен Јапонски квалитет.
Новите MIRAI системи, се развиени од врвни инженери, во компанија која највисоко ја вреднува иновацијата и квалитетот. Сето ова во комбинација со светски врвните производствени капацитети на Toshiba му овозможува на крајниот корисник - производ кој е врвна класа, произведен по најстроги стандарди.
ИНВЕРТЕРСКА ТЕХНОЛОГИЈА: ИНОВАЦИЈАТА НА TOSHIBA
Создадено од Toshiba, Инвертерската технологија му овозможува на уредот да го регулира својот капацитет постојано.Тоа го достигнува со прилагодување на брзината на компресорот според побарувачката за ладење.