Многу пред климатските промени, да бидат очигледни во Македонија, во 1989 година Г-динот Тодор Китанчев, ја процени потребата за климатизација на нашиот пазар.

 

Како пионер во оваа индустрија во Македонија, за препродажба и вградување на овие системи, Г-динот Китанчев основаше компанија во фамилијарна сопственост МЕПРИНГ, за проектирање, продажба и вградување на системите за греење, вентилација и климатизација, и во тоа време компанијата беше претставник на светски познатиот бренд Carrier. 
Умешноста, пасијата, посветеноста и љубовта кон системите за греење, вентилација и климатизација "HVAC" е тоа што не' водеше низ годините. Во 1997 година неговите ќерки ја основаат АИРКОН, компанија-ќерка и продолжија со визијата да бидат лидери на пазарот испорачувајќи производи и услуги со висок квалитет. Од аспект на маркетинг, освен продажба на определени производи, ние често ги ставаме на услуга и нашето знаење и умешност. Додека пак во поглед на конкуренцијата, овој начин на работа ни помогна да имаме поразлична стратегија.

 

Отворени позиции


Инженер 

Секогаш бараме некој кој ќе биде млад не само во години туку и во мисла. Свежите идеи и еланот се тоа што ни треба. Додадете на тоа: критичка мисла и остар ум. Сакаме некој кој сака и знае да решава проблеми. 

КВалификации

  • Дипломиран инженер на Машинскиот Факултет во Скопје или еквивалентен надвор од Македонија 
    • Термичко Инженерство
    • Енергетика и Екологија
  • Работно искуство во индустријата

Практикант 

Наместо да трошиш моливи и вид во теорија, пробај го тоа во живо. Мислиш дека си цар или царица во CAD? Пробај ги равенките и пресметките кои ги правиш секојдневно. Разликата е во тоа што сега равенките и пресметките ќе имаат и своја реализација. Искуството нема само да се напише на CV! 

КВАЛИФИКАЦИИ

  • Студент на Машинскиот факултет во Скопје
    • Термичко Инженерство
    • Енергетика и Екологија

Пријави се:

Име *
Име
http://