ЧЕКОР 1: Започни со плетење

Имаш две игли и клопче. Сакаш да научиш да плетеш. Не само лабаво да плетеш, туку со цел. А, твојата цел е да плетеш шал. Битно е да имаш цел во животот, а битно е и да имаш шал. Уште побитно е да знаеш да плетеш шал. Тука сме ние, не се секирај.

За да ја започнеш твојата авантура, или медитација со игли за плетење и клопче, прво треба ова клопче да го прикачиш на иглите.

Како тоа? Е тоа вака…

…со техника народски наречена cast on. Ова значи дка ќе го претвориш лабавото предиво во уредни мали конци кои совршено седат на иглата. Тоа е првиот чекор во плетењето. Чекор-по-чекор како оди тоа во видеото подолу.

Подготвен? Ајде одиме!!!

Остави дарежлива опашка од предиво и фати го предивото со двете раце

Повлечи го праменот предиво низ јамката

Замавни го палецот зад предивото

Држи ја иглата и фати го предивото прикачено на клопчето со десната рака

Држи го предивото и спој ги рацете за да направиш јамка

Оваа мала јамка се нарекува slipknot. Подготвен си да продолжиш со него!

Закачи го предивото на палецот. Држи цврсто!

Завиткај го предивото околу иглата, од назад кон напред

Стави ја јамката на иглата

Држи ја јамката што ја направи во едната рака

Стави го slipknot-от на иглата и повлечи ги опашките од предивото за да се затегнете

Допри ја иглата до предниот дел на палецот…

Повлечи го предивото надолу за да се сретне со јамката на палецот

Повлечи ја опашката од предивото за да го затегнеш новиот бод! Повторете ги чекорите 2-12

Фати го предивото што не е прикачено на клопчето и доведи го зад јамката

Фати ја кратката опашка од предиво и крени го палцот нагоре

…и лизгај ја иглата во јамката на палецот

Повлечи ја јамката на палецот преку иглата.


ЧЕКОР 2: Плетен шав

Откако стана мастер со најтешкиот чекор 1 (оној кој само баба може да го знае), време е за чекор 2. Сега доаѓа вистинското плетење. Не дека ова првото беше замислено, ама со овој чекор веќе ќе се гледа што плетеш и како плетеш. Плетен бод е најосновниот и најфундаменталниот бод. Совладај го и ќе бидеш бонафиде плетач.

Вметни ја десната игла во првиот бод, одоздола нагоре

Турни ја десната игла во бод.

Фати го предивото прикачено на топката конец.

Завиткај го предивото околу иглата, назад нанапред

Повлечи го предивото надолу и забележи дека предивото ѕирка низ шевот

Нежно повлечи ја иглата надолу и одберете го предивото на иглата

Притисни ја десната игла во јамката. Ова е нов бод!

Извлечи ја десната игла од левата игла

Повлечи го конецот предиво прикачен на топката конец за да го затегнеш бодот. Повторете ги чекорите 1-9


ЧЕКОР измеѓу 2 и 3: ВРТИ и СВРТИ

Иако е измеѓу чекор, немој да мислиш дека не е битен. Кога ќе ги исплетеш сите шевови на твојата игла, тоа значи дека си го исплел целиот ред. Уууууууууу! Голема работа имаш завршено!

И сега, што? Епа сега доаѓа ова врти, сврти,преврти, како ти одговара.

Откако ќе го завршиш редот, предивото е на левата страна од редот (наречено, крајот на твојот ред). За да продолжиш да плететеш, потребно е предивото да е од десната страна од редот (познато како почеток на редот).

И како ова?

Не може да биде полесно! Само заврти ја иглата наоколу. Та-да! Работното предиво (познато како предиво закачено на топката АКА клопчето) сега е на десната страна од редот, а ти имаш нов ред шевови, подготвени за плетење!

На крајот од редот, твојата игла ќе биде свртена лево.

Сврти ја иглата наоколу така што ќе биде свртена надесно

Иглата сега е свртена десно. Земи ја голата игла и продолжи со плетењето!


ЧЕКОР 3: Биди горд!!

Па искрено, не ни може да не бидеш горд. Имаш искористено две стапчиња за да трансформираш снопче од конци во уреден мал правоаголник. Неверојатно! Сега е време да го тргнеш новиот шал од иглите.

Оваа работа се завршува со cast off. Оваа техника е одлична затоа што значи дека на твојот мал проект му се гледа крајот! Сето тоа е пораснато, подготвено да одлета од иглите и да влезе во реалниот свет!

Плети два бода.

Сега има еден бод на десната игла. Другото е отфрлено!

Повлечи го бодот преку опашката на предивото

Лизни ја левата игла во првиот бод

Плети еден бод. Повтори ги чекорите 2-6 додека не остане еден бод.

Повлечи ја опашката на предивото низ иглата.

Повлечи го првиот бод преку вториот бод

Кога ќе остане еден бод, отсечете ја опашката од предиво околу 25cm.

Повлечи ја опашката на предивото за да ја затегнеш

Продолжи да го повлекуваш првиот бод преку вториот бод и извадете од иглата

Завиткај го предивото околу иглата.

Честитки! Научи да плетеш шал.