Што е уметност?

Школската дефиниција ја објаснува уметноста како човечка активност, производ на таа активност или идеја за истата, поврзана со сетилата, со емоциите и со интелектот.

Човекот како битие е во неуморна потрага на изнаоѓање начини за разубавување на свој живот. Некои тоа го прават со слики, некои со музика, дел ја пронаоѓаат уметноста во пишаниот збор, а има и онакви кои уметноста ја гледаат насекаде околу нив.

Aircon уметноста ја гледа од малку поинаков агол, а сепак микроскопски близок со она школско објаснување погоре. За нас уметноста е и во климатизацијата. Тргнуваме од идеја за удобни и пријатни простории, креираме решенија кои Ви нудат удобност во просториите во кои го поминувате Вашето време. За нас не постојат премали или пак преголеми простори, ние гледаме само низ призмата на идеална температура без разлика каде се наоѓате – дома или на Вашето работно место. Нашиот интелект го користиме не да продаваме специфични производи, напротив ние ја нудиме нашата компетентност и способност за решавање на проблеми.

Се разликуваме од сите останати поради нашата љубов, умешност, пасија и решителност за климатизација.

Некои сликаат, други свират или пеат, трети вајаат, има и такви кои дизајнираат. Нашиот талент е климатизацијата. Уметност во климатизацијата.

DSCF6111.JPG

УМЕТНИЦИТЕ…

Многу пред климатските промени, да бидат очигледни во Македонија, во 1989 година Г-динот Тодор Китанчев, ја процени потребата за климатизација на нашиот пазар.

Како пионер во оваа индустрија во Македонија, за препродажба и вградување на овие системи, Г-динот Китанчев основаше компанија во фамилијарна сопственост МЕПРИНГ, за проектирање, продажба и вградување на системите за греење, вентилација и климатизација, и во тоа време компанијата беше претставник на светски познатиот бренд Carrier.
Во 1997 година неговите ќерки ја основаат АИРКОН, компанија-ќерка и продолжија со визијата да бидат лидери на пазарот испорачувајќи производи и услуги со висок квалитет. Од аспект на маркетинг, освен продажба на определени производи, ние често ги ставаме на услуга и нашето знаење и умешност. Додека пак во поглед на конкуренцијата, овој начин на работа ни помогна да имаме поразлична стратегија.

daiseikai9.jpg

Најдобриот прибор…

За една торта да биде вкусна треба неколку работи, но најважни се две: умешност и квалитетни состојки. Исто и во светот на HVAC, потребно е знаење и најдобрите производи кои постојат на пазарот.

Нашиот тим  е спремен да одговори на секој предизвик и секоја желба – знаењето и умешноста ја поседуваме во тој поглед.  Леонардо користел масло на платно, Верди ноти, најдобрите фотографии на Ани Лебовиц се направени низ призмата на  Mamiya RZ67, а алатките на Aircon се најдобрите во областа на своето делување - Toshiba, BlueBox и Roth се нашите алатки. Најдобрите од најдобрите, пионери во полето на HVAC.

Toshiba, Bluebox и Roth нудат ефикасни и еколошки решенија со цел достигнување и оддржување на оптимални температури и свеж воздух кои ќе Ви овозможат вистинско чувство на благосостојба, без разлика дали се работи за Вашиот дом или работно место.

mockup-daiseikai-insta.jpg

УМЕТНИЧКИТЕ ДЕЛА…

Низ нашето долгогодишно работење горди сме на големиот број на решенија кои ги имаме успешно испорачано на нашите клиенти.

  • Од мали, скромни и удобни станови на крајот на градот, до вистински архитектонски бисери, сите тие поминале низ нашите прсти. Сите тие ги користат HOME решенијата на TOSHIBA.

  • Решенија за ладење на дата центри. Ако дата центрите во светот ги претставиме како држава, тогаш тие се 5тиот најголем потрошувач на ел. енергија, а 48% од таа енергија се троши за ладење. BlueBox е вашиот избор.

  • Решението кое сметаме дека е иднината на греењето и ладењето е достапно денес. TOSHIBA ESTIA е најудобниот и најефикасниот начин за надградба на вашиот дом.

  • Помагаме на безброј бизниси да растат, просперираат и да ја оддржуваат својата клима, секогаш идеална. Користиме TOSHIBA решенија за бизнис, но првенствено тие се, за луѓе.