Моето ново дизајнерско парче, директно од иднината.
Новиот MIRAI е креиран и развиен со цел да достигне целосна синергија меѓу корисникот и уредот. Технолошките, карактеристики и паметните функции, заедно, се основата за одлично третирање на воздухот и едноставност при користењето.
МОДЕРЕН ДИЗАЈН
Новиот високоѕиден уред на Toshiba е совршен склоп на естетика и технологија, дискретен дизајн, флуидни и едноставни кривини, а со заднинско осветлените декорации е вистинско декоративно дизајнерско дело. Без разлика дали уредот е вклучен или не, хармоничниот дизајн и компактноста совршено се вклопуваат во секој домашен décor.
Тишина!
MIRAI гарантира спокој и тишина! За време на развојот на единицата, особено внимание е посветено за да се намали, односно сведе на минимум бучавоста на уредот. Со тоа го имаме најтивкиот уред во својата категорија: до 22 dB(A).
Врвната технологија е достапна со R32 и R410A ладилни флуиди
ЗНАЧИТЕЛНИ ЗАШТЕДИ НА ЕНЕРГИЈА
Како и сите останати уреди на Toshiba така и новиот, MIRAI се карактеризира со ниска потрошувачка на енергија. Уредот е во А+ класа при греење и ладење, со што се овозможува заштеда и удобност и во двете верзии на моделот, без разлика дали користи ладилен флуид R410A или R32. Сите модели се во A+ / A+ енергетска класа за ладење и греење.
Новиот R32 ладилен флуид е идеално балансиран меѓу енергетската ефикасност и грижата за околината.
Количините на HFCs кои се пласираат на пазарот постепеноќе се намалуваат додека не го стигнат, минималното ниво до 2030.
Дизајнирано во Јапонија
Иновациите, ефикасноста, сигурноста, енерегетските заштеди, грижата за околината… Сите овие, се моќни вредности кои се во срцето на Toshiba. Преку 50 години Toshiba им овозможува на своите клиенти гарантирана прецизност и беспрекорен Јапонски квалитет.
Новите MIRAI системи, се развиени од врвни инженери, во компанија која највисоко ја вреднува иновацијата и квалитетот. Сето ова во комбинација со светски врвните производствени капацитети на Toshiba му овозможува на крајниот корисник - производ кој е врвна класа, произведен по најстроги стандарди.
ИНВЕРТЕРСКА ТЕХНОЛОГИЈА: ИНОВАЦИЈАТА НА TOSHIBA
Создадено од Toshiba, Инвертерската технологија му овозможува на уредот да го регулира својот капацитет постојано.Тоа го достигнува со прилагодување на брзината на компресорот според побарувачката за ладење.
Инвертерската технологија ја одржува температурата во непосредната околина на уредот прецизно и континуирано. Високоите, нивоа на перформанс и ефикасност на самата технологија се доволни да ги задоволат и најголемите побарувања.
Новиот Хибриден Инвертер користи PAM (Pulse Amplitude Modulation) за највисоките нивоа на сила и PW (Pulse With Modulation) за енергетска ефикасност. Инвертерскиот систем на Toshiba нуди хибриден пристап за да го овозможи најдоброто од двете.
Контрола, секаде и во секое време
Имајќи ја удобноста на корисниците, како приоритет, Toshiba ви нуди далечински функции кои можат да го олеснат секојдневието. Како вистински поврзан објект MIRAI може да се користи секаде и во секое време, со помош на SMS пораки или преку WiFi далечинска контрола системите нудат максимална благосостојба и оптимизирани енергетски заштеди.
Далечинска контрола преку мобилна мрежа и SMS Далечинска контрола преку IOS или Android паметен телефон е можно со симнување наапликацијата “Combi Control”. Потоа се испраќа SMS директрно до уредот Combi Control box кој е поставен во вашиот дом. Резултат е идеално решение и удобност во неколку безбедни кликови.
Далечинска контрола преку Wi-Fi Оваа далечинска контрола користи INTESIS HOME, уред кој е поставен во близинана внатрешната единица. Нагодувањатасе едноставни и можете да ја контролирате единицата од било кој паметен уред.Дизајнот на самиот уред е ненаметливи лесно се вклопува во било којдомашен décor.
Можеме да резимираме дека новиот модел на клима уред MIRAI од производителот TOSHIBA е идеално решение за секој дом. Истиот е достапен во нашата промотивна понуда.
Промотивните цени на двата модели MIRAI 13 и MIRAI 16 се достапни на само еден клик.