energy

ESTIA иднината на греењето и ладењето

Toshiba ESTIA, топлинските пумпи водух/вода се идеално и компактно решение за да ја достигнете посакуваната температура без разлика дали станува збор за ладење или пак греење. Ова е современ и напреден систем кој е независен од сезоната во која се употребува и истиот овозможува врвна енергетска ефикасност и целосна грижа за животната средина.

aircon_estia_heating_coolig.png

Врвна технологија од TOSHIBA

  • Енергетска ефикасност и грижа за животната средина

Намалувањето на емисиите на CO2 за 20% е една од главните заложби на Европската унија со рок до 2020 година. Најголем дел од овие емисии ЕУ препораките се за ефикасни системи за греење и ладење како и загревање на санитарна вода. Топлинските пумпи воздух/вода се сметаат за обновлива технологија, идеално решение за загревање на простор, загревање на санитарна вода и ладење во топлите месеци - сето ова е возможно со врвна енергетска ефикасност и со целосна грижа за околината.

  • Best in class перформанси при ниски амбиентални температури

Сите верзии на ESTIA нудат извондредни перформанси, дури и кога надворешните температури се исклучително ниски. Оваа нова технологија овозможува поголема енергетска ефикасност, при делумно оптоварување оваа топлинска пумпа е лидер на пазарот.

Намалете ги CO2 емисиите, уживајте во комфорот и зголемете ги вашите заштеди.

estia_aircon_greenje

опфатени сите капацитети, од 4 до 21 kW

Инвертер технологијата на Toshiba ја оддржува внатрешната средина идеално на темпрературата на која сте ја поставиле, ладењето и греењето, односно капацитетот се регулира постојано со прилагодување на брзината на компресорот според побарувачката.

ESTIA засебна хидро единица

Компактната хидро единица во себе има интегрирано напредна технологија за контрола на температурата на водата, со што се овозможува оптимизирана дистрибуција кон сите потрошувачи. ESTIA овозможува греење и ладење на просториите во една или две зони, како и загревање на санитарна вода.

Резервоар за топла вода

ESTIA ”бојлерот” е компактен резервоар од нерѓосувачки челик кој е изолиран и се користи за сите потреби на домаќинството. Перформансите на целиот систем се максимизирани благодарејќи на интегрираниот коаксијален топлински изменувач кој ја користи топлата вода произведена од топлинската пумпа.

kid_bath_foam.png

Plug & play решение

toshiba_remote_aircon.png

Новиот далечински управувач со голем екран е едноставен, интуитивен и лесен за употреба. Има модерен дизајн, заднинско осветлување, нови икони и имате избор од повеќе јазици. Тој може лесно да се прилагоди и користи како втор далечински управувач и со тоа целиот систем е крајно едноставен. Вградениот софтвер ја регулира температурата на водата и ја оптимизира потрошувачката на ел. енергија. Истиот има седмичен програматор кој ја контролира дистрибуцијата на топла вода до двете зони и до бојлерот со топла вода. Имате целосна контрола, со 10 акции кои може да се програмираат за секој ден и ноќ од седмицата.

Сонце = бесплатна енергија?

pexels-photo-164292.jpeg

Не само што сонцето ни делува позитивно, помисли на сите тие испиени кафиња додека другите се на работа, туку тоа е и бесплатно, а во светски рамки станува и омилен извор на енергија.

Сонцето е одалачено на некои 150 милиони километри од Земјата, сепак, тоа е нашиот најконстантен извор на енергија: секој ден, до Земјата стигнува 10 000 пати поголема енергија отколку што користи целото човештво. Ова ќе остане како факт барем и во наредните пет до шест милијарди години.

giphy-downsized.gif
pexels-photo-300122.jpeg

Сонцето всушност креира среќа. Секогаш кога нашата кожа е изложена на сонце мозокот го стимулира хормонот на среќа, серотонин. Пробај го ова со струја.

Соларно термалната енергија е начин на искористување на сончевата енергија. Звучи како да ги прекомплицирам работите но всушност едноставно сакам да кажам дека тоа е начинот на конверзија на соларната во термална енегрија.

ПРЕДНОСТИ:

  •  Бесплатна енергија, единствено на пумпата и треба ел. енергија.
  •  Комплетно не штетна за животната средина, практично немаме никакви CO2 емисии.  
  • се намалува уделот на конвенционалниот систем за греење
  • околу 50% од енергијата потребана за ДТВ (домашна топла вода) може да се обезбеди од соларно термалниот систем

мали МААНИ: 

  • потребно е оддржување
  • дополнителни цевки за поврзување на системот од кров до системот за греење
  •  не секој кров е погоден за инсталација
  •  потребен е простор за соларниот цилиндер
  •  поголема инвестиција во почетокот НО погодувате?
  • Повеќекратен поврат на инвестицијата на среден и долг рок.

 

giphy-downsized-large.gif

СОЛАРНО ТЕРМАЛНИ СИСТЕМИ или како може сонцето да ви помогне

Соларно термалните системи може да ја користат сончевата енергија на два начина: или ексклузивно за ДТВ или како backup за целиот систем за греење

Соларно термалните системи за домашна топла вода во просек имаат потреба од сончев колектор со површина од 4 до 8 м2 за одвоена самостојна куќа и овозможуваат доволно енергија за дневните потреби. Тоа значи дека водата не е потребно да ја загревате со помош на други генератори на топлина (мисли на греач во бојлер) а со тоа нормално ги намалувате трошоците за ел.енргија. Во МК за време на летните месеци целосно се задоволува потребата.

 

i7_infografik_nutzung_solarthermie_1x-EN.png

Соларно термален систем за ДТВ и за дополнително централно греење има потреба од поголема колекторска површина во просек од 6 до 14 м2. Во овој случај системот генерира топлина и за централното греење. Соларното централно греење најдобро функционира во комбинација со подно греење

СОЛАРНА ТЕРМАЛНА ЕНЕРГИЈА- Еколошко подобрување Соларно термалниот систем е атрактивен додаток кон конвенционалниот сисстем за греење. Кога бирате да користите солар ја намалувате употребата на фосилни горива, штедите пари и ја оставате животната средина во подобра состојба за идните генерации.

Идеалната можност за инвестиција во соларно термален систем е при нова градба или при промена на котел, без разлика дали е тој на ел. енергија, пелети, дрва, нафта, природен гас. Без разлика дали е зима, прилолет, лето или есен - соларно термалниот систем и системот за греење секогаш работат ефикасно.

i8_infografik_solare_deckungsrate_1x-EN.png

Првите сончеви зраци во пролет веќе може да се користат за загревање на водата во цилиндерот. За време на овој период греењето е овозможено од конвенционалниот генератор на топлина. Во лето целосно се користи соларно термалната енергија и во зима пак на системот му помага системот за греење.

 

АНАЛИЗА НА ТОШОЦИ

Во моментов во Германија има повеќе од 2 милиони соларни системи кои ги снабдуваат домовите со бесплатна енергија.

Соларно термалниот систем ги задоволува потребите на домаќинставата за ДТВ од околу 65%. Во лето бројката нормално е 100% и сите останати генератори можете да ги заборавите. Во основа вие генерирате нула емисии во атмосферата и имате нула оперативни трошоци.

i4_infografik_anschaffung_betrieb_und_wartung_1x-EN.png

Соларно термалните системи се futureproof начини за добивање на енергија. Сеуште постојат субвенции за нивно искористување.

ЗГРАДИ И СИСТЕМИ - Што треба да се знае

Соларно термален систем не може да се инсталира на секоја зграда, има неколку работи за кои мора да сте информирани.

Соларно термалните системи се инталираат на кровови со специјални монтажни системи. Поврѓината на кровот мора да е доволно голема и да има нагиб од 30 до 70 степени. Колекторите мора да бидат поставени кон југ, југо-запад или југо-исток. Се разбира дека кровот не треба да биде во сенка од околни згради или дрва. Згради заштитени како културно наследство не би требало да имаат соларни термални системи, ха ха. За да сте сигурни дека ќе може да се туширате и кога ќе зајде сонцето ви треба и цилиндер за чување на водата, па нормално дека ви треба и малку простор во подрум, остава или каде и да е. Најдобро е да се консултирате со стручни и искусни инженери кои ќе ви помогнат да го направите вистинскиот избор.