Зашто да одберете топлинска пумпа од TOSHIBA?

Зашто да одберете топлинска пумпа од TOSHIBA?

Веќе Ви е добро познато што всушност е Топлинска пумпа воздух/вода. Знаете и за многубројните предности кои се нудат при користењето на ESTIA топлинската пумпа.

Топлинската пумпа воздух/вода ги комбинира ниските инвестициони трошоци со најниски трошоци за оперативна употреба, а при тоа ефикасно го користи  воздухот како обновлив извор на енергија.

Toshiba HOME AC APP

Asset 6.png
Asset 7.png

Имајте целосна контрола на вашата удобност со Toshiba Home AC Control App. Едноставна за употреба од вашиот мобилен уред, без разлика дали сте дома или надвор. Целосно компатибилна, уредот може да се користи со сите виско ѕидни и парапетни единици на Toshiba.

Asset 8-100.jpg

Зголемете ја удобноста дома или додека се движите

Прилагодете ја удобноста, со идеално ниво на ладење или греење за вашето семејство во секое време, без разлика каде сте. Додека сте дома, заменете го IR далечинското со интуитивната апликација. Таа ви озозможува лесен пристап до единицата дури и кога сте во движење. Со тоа го адаптирате комфорот кон вашиот животен стил!

Паметно и ефикасно

  • Сакате да одите дома и веднаш да уживате во идеална температура? Едноставно користете ја app за да го го проверите статусот, потоа брзо и едноставно прилагодете го вашето ниво на удобност.

  • Прилагодете го распоредот на клима уредот со вашата семејна рутина за да ја оптимизирате работата и дополнително да заштедите на електрична енергија.

Модерна апликација

  • Оваа апликација е лесна за употреба и е достапна во 5 јазика. Содржи мошне интуитивни карактеристики. Пријатни бои за секој модалитет, а главните функции се достапни со еден допир.

  • Сите премиум можности на Toshiba клима уредите се сепак достапни. Само повлечете нагоре на главниот екран и ќе имате можност да ги изберете.

Asset 5.png
Asset 10-100.jpg

SEIYA - Искусете ја тишината

Златна тишина

Asset 1-100.jpg

SEIYA е економски ефикасно и тивко решение кое ја користи Инвертер технологијата на TOSHIBA со R32 за да ви понуди A++ перформанси за ладење како и комфор преку целата година.

Asset 2-100.jpg

Секојдневна Удобност

SEIYA е дизајниран со идеја за максимална удобност. Нуди ексклузивни карактеристики и високи перформанси со што секојдневната удобност е достапна за сите.

Дозволете си А++ третман

Односот меѓу перформансите и трошоците го прават SEIYA извондреден производ на пазарот. Сите капацитети нудат A++ и А+ перформанси за греење, што означува оптимален комфор заедно со исклучително ниска потрошувачка на енергија.

Звукот на тишината

Toshiba постојано иновира за да им обезбеди ненадминлив квалитет и доверливост на своите клиенти. За да се намали бучавоста и да се подобри удобноста, SEIYA има “Silent” функција со која се намалува бучавата на надворешната единица, додека со својата “Quiet” функција се гарантира ниска бучава од внатрешната единица како и удобен сон.

Овозможете си ЈАПОНСКИ КВАЛИТЕТ

Asset 3-100.jpg

Дизајн и Доверливост

Иновација, ефикасност, најголема доверба, заштеда на енергија почит кон околината… Сите овие вредности се во срцето на се што правиме во Toshiba и АИРКОН.

Преку 50 години Toshiba им нуди на своите клиенти гарантирана прецизност, експертиза и гаранција за Јапонски квалитет.

Иновативна Toshiba инвертер Технологија

Иновативната технологија со ротирачки компресор на TOSHIBA нуди исклучителни перформанси и највисока доверливост. Со минимизирањето на флуктуациите се осигурува константна температура, се зголемува ефикасноста како и елиминирањето на ризикот од превисока бучавост.

Инвертер технологијата на Тoshiba, овозможува SEIYA да го регулира капацитетот за греење и ладење постојано, преку постојано следење на брзината на компресорот.

Неограничена удобност

Asset 4-100.jpg
Asset 5-100.jpg

Направете го вашиот клима уред паметен

Удобност од дома или од било каде

Asset 6-100.jpg

Прилагодете го комфорот во вашиот дом преку идеална комбинација на ладење или греење. Идеално паметно решение без разлика каде сте во моментот. Кога сте дома едноставно заменете го далечинското со интуитивната smart апликација. Оваа апликација исто така ви овозможува и лесен пристап до вашиот клима уред додека сте надвор, со што ќе ја адаптирате климата според потребите на вашето семејство.

Asset 7-100.jpg
Asset 8-100.jpg

Сакате да си одите дома и веднаш да уживате во идеална температура? Едноставно, користете ја аппликацијата за да го проверите статусот, брзо и лесно нагодете го комфорот без разлика каде се наоѓате.

Подобри воздушни решенија за подобар свет

Asset 9-100.jpg
Безжични решенија за удобност кога сакате.

Безжични решенија за удобност кога сакате.

Asset 11-100.jpg

Лично советување

ЛИЧНО ВАШ СЕРТИФИЦИРАН ПАРТНЕР НА TOSHIBA

TOSHIBA се гордее со својата мрежа на квалификувани и специјализирани компании за ладење, греење и вентилација. Со секој клима уред на TOSHIBA не добавате само врвен производ, туку и професионално советување, планирање, монажа и сервис. Имајте целосна доверба во способностите на AIRCON ДОО.

Од мали до големи

Со индустриските и комерцијалните решенија TOSHIBA го задоволува целиот спектар на побарувањата. За подетални информации ве молиме контактирајте го AIRCON ДОО или ајде да работиме.

Што всушност е: Топлинска пумпа воздух/вода?

toshiba_estia_aircon

Топлинската пумпа воздух/вода добива енергија од непосредниот воздух и ја пренесува на системот за греење. Ниските трошоци за инсталација се причина плус за лесна и економична промена на било каков постоечки систем за греење, со систем кој користи топлинска пумпа. Ајде да пробаме да ви го претставиме начинот на работа и областите за примена на нашиот ESTIA систем.

ИМА ЛИ ВООПШТО ДОВОЛНО ТОПЛИНА ВО ВОЗДУХОТ, ВО ЗИМА?

Одговорот е „Да“. Тајната е во начинот на работа - баш како кај ладилникот, само обратно. Но, ајде да одиме чекор по чекор.

Почнуваме со начинот на работа. Топлинската пумпа воздух/вода ја добива топлината од околниот воздух. Затворениот разладен круг во кој циркулира ладилниот флуид ја апсорбира топлината. Дури и при екстремни надворешни температури од -25 ° C, греењето во вашиот дом е загарантирано, единствено, во тој случај ќе потрошиме незначително повеќе електрична енергија. Постепено добиената топлина се пренесува со топлинскиот изменувач, до водениот систем. Водата во системот на тој начин ја добива потребната температура за бањање, туширање и за греење.

НЕПОБИТНИ АРГУМЕНТИ И ЈАСНИ ПРЕДНОСТИ

Топлинските пумпи воздух/вода се во мода, од причина што, сите аргументи ги потврдуваат предностите од употребата на ваков еколошки и ефикасен систем. Да видиме зошто е тоа така, земајќи ги в предвид: цената, изведбата, емисиите на CO2 и енергетската ефикасност.

ESTIA топлинската пумпа воздух/вода има можност да ја земе топлината од околниот воздух и со истата да ја загрее водата. Предностите тука се очигледни: наместо да добиваме топла вода за бањање или греење од гориво (нафта, пелети, дрва, плин..) или 100 % од ел. енергија (ел. печки, ел. греалки), потребната енергија, односно дури 80 проценти е од воздухот, а само 20 проценти е електрична ен. (зависно од надв. темп.). Логично, бидејќи малку ел. енергија е потребна за работата на уредот. Тоа пак значи, дека ESTIA системот штеди простор, е економичен и еколошки прифатлив споредено со останатите конвенционални системи. Монтажата и различните можности детално се опишани на наредните страници. Прегледот на компонентите и примарните инсталациски варијанти се на на страниците 8 и 9. Сега може да продолжиме со примените.

estia_toshiba_aircon_makedonija
тошиба_мк_аиркон
toshiba_aircon_estia

ТОПЛА ВОДА, НАПРЕД МАРШ!

Прва примена на ESTIA системот
е неговата употреба за добивање
на топла вода за туширање и бањање. Тоа е особено интересно
за сите оние кои реновираат и ќе купат нов бојлер. Тука се исплати,
да се разгледа можноста за употреба на топлинската пумпа воздух/вода како алтернатива на стариот начин за загревање на топла вода.

ГРЕЕЊЕ НА КВАДРАТ

На квадрат значи: 2-зонско управување! Бидејќи имаме можност два топлински круга да имаат различни температури – како подно греење, чиј довод користи ниска температура, плус “нормално” греење со радијатори за кои треба висока температура. Информативно: Корисната температура покажува
со колку степени загреаната вода циркулира во топлинскиот груг. Додека сме на темата греење може да нагласиме, за сите оние кои реновираат и додатно опремуваат: поврзување со постоечкиот систем за греење е исто така возможен.

Да сумираме, можностите на ESTIA системот: 

  1. Употреба исклучиво за подготовка на топла санитарна вода.

  2.  Употреба и за греење. 

  3. Можност за поврзување на постоечки систем за греење.

Па, постои и уште една 4та примена, да бидеме прецизни: ладење. Имате можност да го употребувате ESTIA системот и за тоа. Тоа повлекува други решенија во однос на системот со вода но не е ништо премногу комплицирано или невозможно.

СЕГА ПОДОБРО ДА ГИ ПРЕГЛЕДАМЕ ПРЕДНОСТИТЕ НА ESTIA ТОПЛИНСКАТА ПУМПА ВОЗДУХ/ВОДА

Времето и просторот се драгоцени посебно при градба или реновирање. Често заштедата на простор и време се одлучувачки предности. Монтажата и инсталацијата на ESTIA компонентите се изведува брзо и не ви се потребни резервоари или простор за складирање на гориво. Надворешната и внатрешната единица „Основните состојки” за добивање на топлина од воздухот. Оние кои сакаат да го користат системот само за санитарна вода често го бираат новиот модел на топлинска пумпа „MONO“ која целосно се поставува во објектот. Но за тоа подоцна.

Заклучок: Без разлика за која варијанта ќе се одлучите, инсталацијата од нашиот тим трае, неколку часа, а за уредот е потребно мал простор. Тоа важи и за надворешната единица како и за компонентите кои се поставуваат во објектот.

Да преминеме на финансиите. Како што ќе видите на нашата пример пресметка, трошоците за набавка се ниски и освен трошоците за ел. енергија нема дополнителни тековни инвестиции. Кај ESTIA системот de facto нема потреба за одржување.

Не се грижете за соседите. Освен по некој завидлив поглед ништо друго не очекувајте, бидејќи софистицираната технологија на TOSHIBA осигурува тивка работа на надворешната единица. Имаме мноштво агрументи кои одат во прилог на ESTIA системот.

Естиа_аиркон_мк
aircon_estia_heating_coolig.png
  • Економичен

И како еднократна инвестиција и гледајќи ги трошоците за користење ESTIA е поекономичен во однос на другите системи.

  • Еколошки прифатлив

Употребата на обновливи извори на енергија, како воздухот во комбинација со зелена ел. енергија се осигурува ниска CO2 емисија.

  • Доверлив

    На ESTIA уредот можете секогаш да се доверите. Високата технологија на TOSHIBA - овозможува користење без одржување со интегрирана заштита од замрзнување.

  • Ефикасен

    Со софистицираната технологија, достапна е топла вода и при екстремни надворешни температури од –25°C.

  • Флексибилен

    Едноставна инсталација со заштеда на простор за новоградби како и за рановирање. Можна
    е комбинација со постоечки систем за греење.

  • Удобен

    ESTIA е потполно автоматски систем, во кој имате, заштита од замрзнување, интелигентно управување и тивка работа.

estia_aircon_greenje

Се надеваме дека доволно добро ви објаснивме како функционира системот, а во продолжение може да ги видите и визуелно карактеристиките и специфичностите не системот. Тошиба Естиа 5 е достапна во АИРКОН во сите верзии. Бидејќи самиот систем има многу можности наш совет е да си закажете косултација, клик тука и може да почнеме да работиме заедно.