Зашто да одберете топлинска пумпа од TOSHIBA?

0001.jpg

Веќе Ви е добро познато што всушност е Топлинска пумпа воздух/вода. Знаете и за многубројните предности кои се нудат при користењето на ESTIA топлинската пумпа.

Топлинската пумпа воздух/вода ги комбинира ниските инвестициони трошоци со најниски трошоци за оперативна употреба, а при тоа ефикасно го користи  воздухот како обновлив извор на енергија.

За сите оние кои сѐ уште се двоумат во генијалноста и ефикасноста на Toshiba ESTIA, погледнете ги визуелно карактеристиките и специфичностите на системот ТУКА. А, ние подолу ќе одговориме на Вашите ПЕТ најчести прашања поврзани со топлинските пумпи воздух/вода на Toshiba.

Estia-Fin1.jpg
Овозможува максимална удобност со минимален напор.

Како функционира?

Топлинската пумпа ја користи енергијата на надворешниот воздух и со помош на ладилниот флуид ја пренесува на повисока температура која може да се употреби за греење.

Каде може да се користи?

Топлинската пумпа може да се користи на повеќе начини, за греење и ладење, за подготвување на топла вода, се користи во новоградби или во адаптирани објекти со радијатори, подно греење, ѕидно греење или поддршка при греење на базени.

Потрошувачка?

Потрошувачката зависи од различни фактори како: локалните услови, изолацијата на објектот и единствените потреби за греење. Сепак, генерално трошоците за греење во новоградби кои користат топлинска пумпа воздух/вода може да бидат и значително под 3000 денари.

Mobile-feed-1.jpg

Можности за ко-финансирање?

TOSHIBA топлинските пумпи ги поседуваат сите потребни сертификати и ги задоволуваат сите услови за добивање грант/субвенција. АИРКОН директно соработува со субјектите кои ги нудат тие финансиски услуги.

Очекуван работен век?

Топлинската пумпа воздух/вода има ист работен век како и останатите конвенционални системи за греење, кој е поддржан со редовно одржување и гарантирана достапност на резервни делови во наредните 15 години.