Air Conditioning

Зашто да одберете топлинска пумпа од TOSHIBA?

Зашто да одберете топлинска пумпа од TOSHIBA?

Веќе Ви е добро познато што всушност е Топлинска пумпа воздух/вода. Знаете и за многубројните предности кои се нудат при користењето на ESTIA топлинската пумпа.

Топлинската пумпа воздух/вода ги комбинира ниските инвестициони трошоци со најниски трошоци за оперативна употреба, а при тоа ефикасно го користи  воздухот како обновлив извор на енергија.

DAISEIKAI 9

Мир и тишина во секое време

Изберете - ултимативен комфор


A+++ класа во ладење и во греење за ненадминлива енергетска ефикасност


  • Системот нуди ладење и греење според највисокото можно рангирање, тоа во комбинација со исклучителен SEER до 10.50 и SCOP до 5.20, означува дека вие добивате најдобри перформанси во класат преку целата година.

  • DAISEIKAI 9 нуди извонредни перформанси во сите клими и во сите временски прилики.

  • Инвертерот на Toshiba, комбиниран со технологијата Twin Rotary компресор ги максимизира енергетските заштеди и со тоа DAISEIKAI 9 овозможува најголем можен работен опсег.

Ултимативен комфор.Дизајниран со врвни перформанси, изработен перфектно DAISEIKAI 9 е пример за квалитет, доверливост и издржиливост – се што очекувате кога ќе го здогледате она, “Made in Japan”. Ова е квалитетот на Toshiba, квалитет на кој можете д…

Ултимативен комфор.

Дизајниран со врвни перформанси, изработен перфектно DAISEIKAI 9 е пример за квалитет, доверливост и издржиливост – се што очекувате кога ќе го здогледате она, “Made in Japan”. Ова е квалитетот на Toshiba, квалитет на кој можете да му верувате.

Купи го твојот DAISEIKAI Веднаш

Оставете позитивен белег на животната средина

Системот користи ладилен флуид R32, кој благодарејќи на својот мал потенцијал за глобално затоплување ќе биде еко-прифатливото решение за иднината, а DAISEIKAI 9 е далеку напред! Со намаленото полнење значително се намалуваат емисиите на гасови кои придонесуваат за ефектот на стаклена градина.

еко_аиркон_хфц

Еко-дизајн полисата на Тoshiba заедно со новите цевки кои ги намалуваат истекувањата го намалуваат штетното влијание врз животната средина за време на целиот животен век на уредите.

DAISEIKАI 9 ги исполнува сите барања на Европските стандарди за за животна средина, вклучувајќи го и Eurovent.

Моделот DAISEIKAI 9 го користи Плазма прочистувачот на на воздух, технологија со која се креира, чиста и здраваоколина. Оваа функција може да се активира со едно копче, со употреба на неколку фази на филтрација, воздухот се прочистува од чад и мириз…

Моделот DAISEIKAI 9 го користи Плазма прочистувачот на на воздух, технологија со која се креира, чиста и здрава

околина. Оваа функција може да се активира со едно копче, со употреба на неколку фази на филтрација, воздухот се прочистува од чад и миризби, истовремено се ”заробуваат” честичките прав и полен. Нелепливиот изменувач, кој е специјално обложен, успешно ја одбива нечистотијата и прашината, со тоа истиот е чист и го оддржува воздухот чист.

Пријатна тишина

тишина_тошиба_аиркон

Со својот ултра тивок систем, бучавоста никогаш нема да биде проблем за DAISEIKAI 9. Внатрешната единица е екстремно тивка и работи со помалку од 20dB(A), ова често е перцепирано како шепот за нашите органи за слух. Низ развојот, посветено е особено внимание за навистина да се сведе бучавоста на минимум.

Неограничена, удобност

Неограничена, удобност

Уникатно намалување на вревата од надворешната единица

Page 5 (3)-100.jpg

Уникатните Silent Running modes на DAISEIKAI 9 му овозможуваат на корисникот намалена бучавост на единицата а со тоа да им овозможат дури и на соседите, спокојни ноќи. Со едно копче, првиот модалитет нуди совршен баланс меѓу, побарувачката за ладење и греење и намаленото ниво на бучавост на надворешната единица, додека пак, вториот модалитет ќе го намали нивото на бучавост на надворешната единица за -4dB(A) до 42dB(A), со што ќе ја приоризитира тишината наместо побарувачката за брзо ладење.

Page 5 (4)-100.jpg

DAISEIKAI 9 е тестиран во Скандинавија за да се осигураме дека ќе ги исполни вашите барања. Кога надворешната температура почнува да паѓа, DAISEIKAI 9 ви гарантира супер-брзо греење. Единицата користи 3D smart airflow систем, со независни ламели и 6 насоки за неограничен комфор. DAISEIKAI 9 за зачувува позицијата на ламелите по автоматски рестарт, со тоа се минимизираат прекините и се максимизира удобноста. Системот автоматски се рестартира при пад на ел. енергија и самиот започнува со дијагностика. LED сијаличките на единицата дискретно означуваат која операција е активна во моментот.

 

Контрола, со еден допир

Дизајнирани за да го направат вашето секојдневие едноставно Toshiba ви нуди далечинска контрола која ја зголемува удобноста.

  • 3D Airflow

remote_aircon_toshiba

Единицата има 3D паметно струење независни ламели со 6 насоки за ултимативен комфор.

  • Plasma Прочистувач на воздухот

Креира, свежа и здрава околина. Го апсорбира и отстранува чадот, мирисите од храна и лошите миризби. Оваа функција може да се вкл/искл. со притискање на копчето PURE

  • Тивка работа (надворешна единица)

Уникатната функција на Toshiba ја намалува бучавоста на надворешната единица за -4DB(A).

  • Седмичен тајмер

Далечинскиот управувач на Toshiba има функции за, предодредени нагодувања, сила и ECO, со што ги намалувате вашите сметки, comfort sleep за да ја оптимизира температурата во текот на ноќта и Hi-power за брзо ладење или греење.DAISEIKAI 9 е вистински…

Далечинскиот управувач на Toshiba има функции за, предодредени нагодувања, сила и ECO, со што ги намалувате вашите сметки, comfort sleep за да ја оптимизира температурата во текот на ноќта и Hi-power за брзо ладење или греење.

DAISEIKAI 9 е вистински интуитивен систем ништо не е полесно од неговото управување

Ја зачувува позицијата на ламелите по авто рестарт, со тоа се намалуваат прекините и се зголемува удобноста.

Самиот се рестартира по пад на ел. енергија, и самиот врши дијагностика. LED сијаличките на единицата означуваат во каков модалитет работи.

Седмичниот тајмер ви овозможува да поставите "on и off" времиња или програми за секои 24 часа. Температурата и ON OFF функцијата може да се програмираат до 4 различни нагодувања/дневно и 7 различни програми седмично. Нагодувањата може да бидат: ON/OFF, температура, Начин на работа и брзина на вентилаторот.

Едноставни копчиња за едноставна употреба

  • Камин во режим на греење

Уникатниот модалитет на Toshiba, овозможува оптимално искористување на топлината одвашиот камин или друг извор на енергија со тоа што вентилаторот на внатрешната единица ќе работи контиуирано на ниска брзина дури и кога ќе го исклучите компресорот.

  • 8°C греење

Го штити вашиот дом и покуќнината од ниски температури, додека не сте дома. Со ова DAISEIKAI 9 е идеален избор за зимата.

 

Секогаш, секаде...

Page 7 (2)-100.jpg

Се со цел да се зголеми вашата удобност, Toshiba ви нуди далечински функции со кои ќе си го олесните секојдневието. DAISEIKAI ви нуди Wi-Fi решение (со опционален модул вграден во самата единица), со кое ќе можете да ја контролирате одсекаде. Намалете ги тошоците и уживајте во комфорот, од далеку.

Page 7-100.jpg

 

Дизајн и доверливост

toshiba_aircon_mk

Иновацијата, ефикасноста, долготрајноста, заштедите на енергија, грижата за околината... Сите овие вредности се во срцето на се што правиме во Toshiba. Преку 50 години,Toshiba им овозможува на своите клиенти гарантирана прецизност и беспрекорен Јапонски квалитет. Самата, Inverter технологија е изум на TOSHIBA, а истата му овозможува на моделот DAISEIKAI 9 да го регулира капацитетот на ладење и греење, постојано, со регулација на компресорот односно неговата брзина за да се достигне побарувачката. Сето тоа заедно со ексклузивниот Twin Rotary компресор ја гарантираат ефикасноста и неверојатната издржливост.

Наградете се себеси со Јапонски квалитет!

Наградете се себеси со Јапонски квалитет!

Врвниот модел на Toshiba - Даисеикаи 9 веќе е достапен во АИРКОН. Наградете се себеси со Јапонски квалитет!

TOSHIBA MIRAI - Иднина

Моето ново дизајнерско парче, директно од иднината.

toshiba_aircon_skopje_mirai.jpg

Новиот MIRAI е креиран и развиен со цел да достигне целосна синергија меѓу корисникот и уредот. Технолошките, карактеристики и паметните функции, заедно, се основата за одлично третирање на воздухот и едноставност при користењето.

МОДЕРЕН ДИЗАЈН

Новиот високоѕиден уред на Toshiba е совршен склоп на естетика и технологија, дискретен дизајн, флуидни и едноставни кривини, а со заднинско осветлените декорации е вистинско декоративно дизајнерско дело. Без разлика дали уредот е вклучен или не, хармоничниот дизајн и компактноста совршено се вклопуваат во секој домашен décor.

Тишина!

toshiba_aircon_mk_klima_mirai

MIRAI гарантира спокој и тишина! За време на развојот на единицата, особено внимание е посветено за да се намали, односно сведе на минимум бучавоста на уредот. Со тоа го имаме најтивкиот уред во својата категорија: до 22 dB(A).

Врвната технологија е достапна со R32 и R410A ладилни флуиди

mirai_toshiba_aircon_klima_mk.jpg

ЗНАЧИТЕЛНИ ЗАШТЕДИ НА ЕНЕРГИЈА

Како и сите останати уреди на Toshiba така и новиот, MIRAI се карактеризира со ниска потрошувачка на енергија. Уредот е во А+ класа при греење и ладење, со што се овозможува заштеда и удобност и во двете верзии на моделот, без разлика дали користи ладилен флуид R410A или R32. Сите модели се во A+ / A+ енергетска класа за ладење и греење.

toshiba_aircon_mk_klima
  • Новиот R32 ладилен флуид е идеално балансиран меѓу енергетската ефикасност и грижата за околината.

  • Количините на HFCs кои се пласираат на пазарот постепеноќе се намалуваат додека не го стигнат, минималното ниво до 2030.

Дизајнирано во Јапонија

toshiba_aircon_klima_mk.jpg

Иновациите, ефикасноста, сигурноста, енерегетските заштеди, грижата за околината… Сите овие, се моќни вредности кои се во срцето на Toshiba. Преку 50 години Toshiba им овозможува на своите клиенти гарантирана прецизност и беспрекорен Јапонски квалитет.

Новите MIRAI системи, се развиени од врвни инженери, во компанија која највисоко ја вреднува иновацијата и квалитетот. Сето ова во комбинација со светски врвните производствени капацитети на Toshiba му овозможува на крајниот корисник - производ кој е врвна класа, произведен по најстроги стандарди.

ИНВЕРТЕРСКА ТЕХНОЛОГИЈА: ИНОВАЦИЈАТА НА TOSHIBA

Создадено од Toshiba, Инвертерската технологија му овозможува на уредот да го регулира својот капацитет постојано.Тоа го достигнува со прилагодување на брзината на компресорот според побарувачката за ладење.

toshiba_klima_.jpg

Инвертерската технологија ја одржува температурата во непосредната околина на уредот прецизно и континуирано. Високоите, нивоа на перформанс и ефикасност на самата технологија се доволни да ги задоволат и најголемите побарувања.

 

toshiba_aircon_mk_skopje

Новиот Хибриден Инвертер користи PAM (Pulse Amplitude Modulation) за највисоките нивоа на сила и PW (Pulse With Modulation) за енергетска ефикасност. Инвертерскиот систем на Toshiba нуди хибриден пристап за да го овозможи најдоброто од двете.

Контрола, секаде и во секое време

control_aircon_wifi

Имајќи ја удобноста на корисниците, како приоритет, Toshiba ви нуди далечински функции кои можат да го олеснат секојдневието. Како вистински поврзан објект MIRAI  може да се користи секаде и во секое време, со помош на SMS пораки или преку WiFi далечинска контрола системите нудат максимална благосостојба и оптимизирани енергетски заштеди.

aircon_toshiba_kombi

Далечинска контрола преку мобилна мрежа и SMS Далечинска контрола преку IOS или Android паметен телефон е можно со симнување наапликацијата “Combi Control”. Потоа се испраќа SMS директрно до уредот Combi Control box кој е поставен во вашиот дом. Резултат е идеално решение и удобност во неколку безбедни кликови.

aircon_intesis_home

Далечинска контрола преку Wi-Fi Оваа далечинска контрола користи INTESIS HOME,  уред кој е поставен во близинана внатрешната единица. Нагодувањатасе едноставни и можете да ја контролирате единицата од било кој паметен уред.Дизајнот на самиот уред е ненаметливи лесно се вклопува во било којдомашен décor.

Можеме да резимираме дека новиот модел на клима уред MIRAI од производителот TOSHIBA е идеално решение за секој дом. Истиот е достапен во нашата промотивна понуда.

Промотивните цени на двата модели MIRAI 13 и MIRAI 16 се достапни на само еден клик. 

ESTIA иднината на греењето и ладењето

Toshiba ESTIA, топлинските пумпи водух/вода се идеално и компактно решение за да ја достигнете посакуваната температура без разлика дали станува збор за ладење или пак греење. Ова е современ и напреден систем кој е независен од сезоната во која се употребува и истиот овозможува врвна енергетска ефикасност и целосна грижа за животната средина.

aircon_estia_heating_coolig.png

Врвна технологија од TOSHIBA

  • Енергетска ефикасност и грижа за животната средина

Намалувањето на емисиите на CO2 за 20% е една од главните заложби на Европската унија со рок до 2020 година. Најголем дел од овие емисии ЕУ препораките се за ефикасни системи за греење и ладење како и загревање на санитарна вода. Топлинските пумпи воздух/вода се сметаат за обновлива технологија, идеално решение за загревање на простор, загревање на санитарна вода и ладење во топлите месеци - сето ова е возможно со врвна енергетска ефикасност и со целосна грижа за околината.

  • Best in class перформанси при ниски амбиентални температури

Сите верзии на ESTIA нудат извондредни перформанси, дури и кога надворешните температури се исклучително ниски. Оваа нова технологија овозможува поголема енергетска ефикасност, при делумно оптоварување оваа топлинска пумпа е лидер на пазарот.

Намалете ги CO2 емисиите, уживајте во комфорот и зголемете ги вашите заштеди.

estia_aircon_greenje

опфатени сите капацитети, од 4 до 21 kW

Инвертер технологијата на Toshiba ја оддржува внатрешната средина идеално на темпрературата на која сте ја поставиле, ладењето и греењето, односно капацитетот се регулира постојано со прилагодување на брзината на компресорот според побарувачката.

ESTIA засебна хидро единица

Компактната хидро единица во себе има интегрирано напредна технологија за контрола на температурата на водата, со што се овозможува оптимизирана дистрибуција кон сите потрошувачи. ESTIA овозможува греење и ладење на просториите во една или две зони, како и загревање на санитарна вода.

Резервоар за топла вода

ESTIA ”бојлерот” е компактен резервоар од нерѓосувачки челик кој е изолиран и се користи за сите потреби на домаќинството. Перформансите на целиот систем се максимизирани благодарејќи на интегрираниот коаксијален топлински изменувач кој ја користи топлата вода произведена од топлинската пумпа.

kid_bath_foam.png

Plug & play решение

toshiba_remote_aircon.png

Новиот далечински управувач со голем екран е едноставен, интуитивен и лесен за употреба. Има модерен дизајн, заднинско осветлување, нови икони и имате избор од повеќе јазици. Тој може лесно да се прилагоди и користи како втор далечински управувач и со тоа целиот систем е крајно едноставен. Вградениот софтвер ја регулира температурата на водата и ја оптимизира потрошувачката на ел. енергија. Истиот има седмичен програматор кој ја контролира дистрибуцијата на топла вода до двете зони и до бојлерот со топла вода. Имате целосна контрола, со 10 акции кои може да се програмираат за секој ден и ноќ од седмицата.