Headquarters A1 оператор
Нема да користиме големи букви, само ќе ги задебелиме. Најголемиот VRF проект во Централно-источна Европа. Толку голем што моравме да го ангажираме и најголемиот кран во Македонија. Веројатно ова, доволно говори за комплексноста и грандиозноста на предизвикот. Решението е насочено кон Тимот, а системот е Доверлив и Агилен што пак е целосно во согласност со визијата и централните вредности на клиентот. Решението е за бизнис, но првенствено е за луѓе, мантрата на АИРКОН и TOSHIBA за врвен бизнис.
Решение:
Вкупно инсталиран капацитет 926 kW.
Вкупно 296 внатрешни единици.