AC

Знаете ли како работи вашиот клима уред?

Луѓето често ми поставуваат прашања за нивниот AC (air conditioner), како, што е Фреон или како работи клима уредот? Често почнувам со приказната  за тоа како магично ги нема сликите и апликациите од стариот iPhone кога ќе се префрлиш на нов, или каде оди целата музика, или пораките? Често за работите кои ги користиме секојдневно немаме баш јасна слика како вистински функционираат. Тоа често пати фрустира. Иако би било интересно да ви објаснувам како сликите и апликациите се префрлаат од стариот на новиот iPhone ќе го оставам тоа на некој друг од сферата да објасни. За среќа пак, можам да ви објаснам како функционира вашиот AC.

giphy.gif

Како функционира мојата клима? На кратко.

Епа како функционира централното разладување? Централните HVAC единици (што е па сега HVAC?), а всушност и сите модерни AC единици работат со слични оперативни принципи и компоненти како и вашиот ладилник. Ладилниците користат енергија за да ја пренесат топлината од својата внатрешност кон надвор, практично во вашата кујна, а при тоа одржуваќи ја содржината на ладилникот, студена.

Истото, вашата AC единица ја отстранува топлината од вашиот дом и ја префрла надвор. Да, ама како го прави ова? Го прави со помош на две спирални цевки: едната испарувачка (evaporator) другата кондензирачка (condenser). Испарувачите се наоѓаат во вашиот дом и го користат брзо испарувачкиот Фреон за да ја апсорбираат топлината од околниот воздух. Овој сега свеж и изладен водух се циркулира низ вашиот дом и нели, го лади.

Сега пак оној релативно загреан Фреон е на пат надвор од вашиот дом кон кондензаторот, каде со помош на компресорот (ова знаете што е) се кондензира и со тоа ја ослободува својата зачувана топлина надвор од вашиот дом, а со тоа почнува и новиот циклус, пак и пак. Токму ова својство на ладилните флуиди овозможува да работи вашиот AC.

ac-cycle.jpg