air

Колку тивка треба да е воздушната завеса?

Ајде да споредуваме јаболки со јаболки

aircurtain_sound_AIRCON.jpg.png

Која е најтивката воздушна завеса? Колку е широк/голем влезот во објектот кој би го покрила завесата? За, Вие купувачите, оцените и за да може да ги споредувате, производителите треба да имат исти мерки и секако да мерат на ист начин. Само така ќе може да споредувате јаболки со јаболки. Индустријата за воздушни завеси прави огромен напор за купувачите да направат добар избор за своите потреби. Ние пак секогаш се трудиме да ви помогнеме во изборот, без разлика дали проектирате или сте инвеститор.

Frico е иницијатор на Eurovent групата “European Air Curtains” која се фокусира на воздушните завеси. Целта на групата е да се развијат нови директиви. Важно е да се дефинираат заеднички унифицирани методи за мерење кои ќе им овозможат на купувачите да споредуваат различни производи. Во групата се вклучени престсавници од дванаесет различни компании. 

Звук

Порано, за да се назначи нивото на звук се користеше, нивото на звучен притисок, вредност која е зависна од карактеристиките на просторијата и оддалеченоста на производот од мерачот. Некои произведувачи, имаат јасно означено под кои услови се мерени звучните нивоа, но секогаш имаме и произведувачи кои ги прават своите мерења на нереален начин и тврдат некои вредности за звук кои не е вистински. Во Македонија производителите или увозниците не се ни трудат да го наведат нивото на звук. Веројатно и купувачите си мислат дека треба да се ужасно бучни?

Од Јули 2017, сите произведувачи треба да ги комуницираат нивоата на звучна сила (во согласност со ISO 27327-2)  на своите производи. Силата на звукот е објективна вредност која не е зависна од карактеристиките на просторијата. Со ова им се олеснува на купувачите при споредбата на различни производи. Оваа вредност е повисока од нивото на воздушен притисок, дел бидејќи користи различна логаритамска скала од онаа која се користи за звучниот притисок. 

Ние секогаш ги комуницираме и двете вредноси. Вредноста на звучната сила и вредноста на нивото на звучен притисок за сите воздушни завеси кои ги нудиме. 

aircurtain_sound_aircon.jpg

Проток на воздух

Имаме многу различни методи за мерење на протокот на воздух и волумен. За жал, во индустријата често не се јасно означени условите под кои се добиени податоците за протокот на воздух. Ова резултира со номинални вредности кои се често повисоки, и истите се компарираат со вистинските вредности за протокот кој излегува од единицата, па имаме споредба која е на границата со лажење. 

Брзина на воздухот

Мерењето на брзината на воздухот, погодувате исто така може да се мери на неколку начини. Мерката за брзината на воздушната бариера и нејзината еднообразност е исто дел од ISO стандардот 27327-1. 


Доверба

Добавувачите со кои соработуваме имаат најмодерни и напредни лаборатории за воздух и звук во согласност со ISO стандардите. Производите кои ги нудиме секогаш ги исполнуваат сите ветувања. 

Знаете ли како работи вашиот клима уред?

Луѓето често ми поставуваат прашања за нивниот AC (air conditioner), како, што е Фреон или како работи клима уредот? Често почнувам со приказната  за тоа како магично ги нема сликите и апликациите од стариот iPhone кога ќе се префрлиш на нов, или каде оди целата музика, или пораките? Често за работите кои ги користиме секојдневно немаме баш јасна слика како вистински функционираат. Тоа често пати фрустира. Иако би било интересно да ви објаснувам како сликите и апликациите се префрлаат од стариот на новиот iPhone ќе го оставам тоа на некој друг од сферата да објасни. За среќа пак, можам да ви објаснам како функционира вашиот AC.

giphy.gif

Како функционира мојата клима? На кратко.

Епа како функционира централното разладување? Централните HVAC единици (што е па сега HVAC?), а всушност и сите модерни AC единици работат со слични оперативни принципи и компоненти како и вашиот ладилник. Ладилниците користат енергија за да ја пренесат топлината од својата внатрешност кон надвор, практично во вашата кујна, а при тоа одржуваќи ја содржината на ладилникот, студена.

Истото, вашата AC единица ја отстранува топлината од вашиот дом и ја префрла надвор. Да, ама како го прави ова? Го прави со помош на две спирални цевки: едната испарувачка (evaporator) другата кондензирачка (condenser). Испарувачите се наоѓаат во вашиот дом и го користат брзо испарувачкиот Фреон за да ја апсорбираат топлината од околниот воздух. Овој сега свеж и изладен водух се циркулира низ вашиот дом и нели, го лади.

Сега пак оној релативно загреан Фреон е на пат надвор од вашиот дом кон кондензаторот, каде со помош на компресорот (ова знаете што е) се кондензира и со тоа ја ослободува својата зачувана топлина надвор од вашиот дом, а со тоа почнува и новиот циклус, пак и пак. Токму ова својство на ладилните флуиди овозможува да работи вашиот AC.

ac-cycle.jpg