Што е тоа, добар амбиентален воздух?

На што мислиме кога ќе кажеме: амбиенталниот воздух е добар или лош?

aircon_vozduh

Историски, долго време имаме проблем вистински да опишеме што мислиме со ”квалитетна внатрешна околина”.

Неколку сетила даваат инпути за тоа што сакаме да го опишеме. Мислиме на изворите, а тие се: светлина, провев, загадувачи, температура, влажност, емисии и.тн. 

Позадина

Знаеме дека во истата соба, еден човек се чуствува удобно а друг не. Ова е бидејќи секоја индивидуа има своја идеална температура. 

Температурата е често главната причина, зошто чуствуваме дискомфорт. Додатно горе посочените фактори како и облеката и површинската температура влијаат на нас.

Има неколку истажувања и експериментирања поврзани со темата и сите доаѓаат до прилично стандардизиран заклучок, околу 5% од луѓето секогаш ќе бидат незадоволни од околината во просторијата. Подолу може да го видите предвидениот процент на незадоволни кога имаме варирање на температурата од средна до идеална.

aircon_toshibaPPD.jpg

PPD (Predicted Percentage Dissatisfied) е функција од искусениот термален комфорт PMV (Predicted Mean Vote).

Како функционираме

Има голема девијација во продуктивноста кога си играме со температурата, кога е потопло или поладно од таа магична идеална точка. Ова е индивидуално исто како и собната температура. Сето ова ни покажува колку всушност е важно тоа што можеме да ја контролираме температурата во просторијата. 

air_aircon_toshiba_Efficiency.jpg

Квалитет на воздух

Квалитетот на воздухот веќе неколку пати повторивме дека е тешко да се измери. Најчесто тоа е преку концентрацијата на CO2 concentration, но и преку VOC (volatile organic compound) кој пак е се мери на неколку начина. VOC се органски хемикалии кои имаат висок притисок на испратување при нормална собна температура. Нивниот висок притисок при испарување е резултат не ниската температура на вриење, која предизвикува голем број на молекули да испарат или сублимираат од течната или цврстата форма на соединението и да се инкорпорираат во околниот воздух, својство познато како волтилност. Вакви соединенија имаме многу, тие се различни и се присутни насекаде. Тие се вклучуваат хемикалии кои се human-made и кои се случуваат природно. Повеќето миризливи честички се VOC, истите соединенија имаат критична улога во комуникацијата меѓу растенијата и животните. 

Да сумираме

За да сумираме што е добра внатрешна клима, мораме да ги земеме во предвид сите параметри кои имаат влијание врз нашите сетила за квалитетен воздух, тоа се, термалната, акустичната и визуалната клима. Сите тие заедно ја креираат работната околина и сите се битни за да се креира добра клима. Најважно е да сме свесни дека најголемиот проблем е прифаќањето на фактот дека секој човек има различни потреби и различна перцепција за добра клима. Затоа ние ви нудиме можност да влијаете на климата во вашата околина на начин на кои вие сметате дека е идеален.

Колку тивка треба да е воздушната завеса?

Ајде да споредуваме јаболки со јаболки

aircurtain_sound_AIRCON.jpg.png

Која е најтивката воздушна завеса? Колку е широк/голем влезот во објектот кој би го покрила завесата? За, Вие купувачите, оцените и за да може да ги споредувате, производителите треба да имат исти мерки и секако да мерат на ист начин. Само така ќе може да споредувате јаболки со јаболки. Индустријата за воздушни завеси прави огромен напор за купувачите да направат добар избор за своите потреби. Ние пак секогаш се трудиме да ви помогнеме во изборот, без разлика дали проектирате или сте инвеститор.

Frico е иницијатор на Eurovent групата “European Air Curtains” која се фокусира на воздушните завеси. Целта на групата е да се развијат нови директиви. Важно е да се дефинираат заеднички унифицирани методи за мерење кои ќе им овозможат на купувачите да споредуваат различни производи. Во групата се вклучени престсавници од дванаесет различни компании. 

Звук

Порано, за да се назначи нивото на звук се користеше, нивото на звучен притисок, вредност која е зависна од карактеристиките на просторијата и оддалеченоста на производот од мерачот. Некои произведувачи, имаат јасно означено под кои услови се мерени звучните нивоа, но секогаш имаме и произведувачи кои ги прават своите мерења на нереален начин и тврдат некои вредности за звук кои не е вистински. Во Македонија производителите или увозниците не се ни трудат да го наведат нивото на звук. Веројатно и купувачите си мислат дека треба да се ужасно бучни?

Од Јули 2017, сите произведувачи треба да ги комуницираат нивоата на звучна сила (во согласност со ISO 27327-2)  на своите производи. Силата на звукот е објективна вредност која не е зависна од карактеристиките на просторијата. Со ова им се олеснува на купувачите при споредбата на различни производи. Оваа вредност е повисока од нивото на воздушен притисок, дел бидејќи користи различна логаритамска скала од онаа која се користи за звучниот притисок. 

Ние секогаш ги комуницираме и двете вредноси. Вредноста на звучната сила и вредноста на нивото на звучен притисок за сите воздушни завеси кои ги нудиме. 

aircurtain_sound_aircon.jpg

Проток на воздух

Имаме многу различни методи за мерење на протокот на воздух и волумен. За жал, во индустријата често не се јасно означени условите под кои се добиени податоците за протокот на воздух. Ова резултира со номинални вредности кои се често повисоки, и истите се компарираат со вистинските вредности за протокот кој излегува од единицата, па имаме споредба која е на границата со лажење. 

Брзина на воздухот

Мерењето на брзината на воздухот, погодувате исто така може да се мери на неколку начини. Мерката за брзината на воздушната бариера и нејзината еднообразност е исто дел од ISO стандардот 27327-1. 


Доверба

Добавувачите со кои соработуваме имаат најмодерни и напредни лаборатории за воздух и звук во согласност со ISO стандардите. Производите кои ги нудиме секогаш ги исполнуваат сите ветувања. 

Сонце = бесплатна енергија?

pexels-photo-164292.jpeg

Не само што сонцето ни делува позитивно, помисли на сите тие испиени кафиња додека другите се на работа, туку тоа е и бесплатно, а во светски рамки станува и омилен извор на енергија.

Сонцето е одалачено на некои 150 милиони километри од Земјата, сепак, тоа е нашиот најконстантен извор на енергија: секој ден, до Земјата стигнува 10 000 пати поголема енергија отколку што користи целото човештво. Ова ќе остане како факт барем и во наредните пет до шест милијарди години.

giphy-downsized.gif
pexels-photo-300122.jpeg

Сонцето всушност креира среќа. Секогаш кога нашата кожа е изложена на сонце мозокот го стимулира хормонот на среќа, серотонин. Пробај го ова со струја.

Соларно термалната енергија е начин на искористување на сончевата енергија. Звучи како да ги прекомплицирам работите но всушност едноставно сакам да кажам дека тоа е начинот на конверзија на соларната во термална енегрија.

ПРЕДНОСТИ:

  • Бесплатна енергија, единствено на пумпата и треба ел. енергија.

  • Комплетно не штетна за животната средина, практично немаме никакви CO2 емисии.

  • се намалува уделот на конвенционалниот систем за греење

  • околу 50% од енергијата потребана за ДТВ (домашна топла вода) може да се обезбеди од соларно термалниот систем

мали МААНИ: 

  • потребно е оддржување

  • дополнителни цевки за поврзување на системот од кров до системот за греење

  • не секој кров е погоден за инсталација

  • потребен е простор за соларниот цилиндер

  • поголема инвестиција во почетокот НО погодувате?

  • Повеќекратен поврат на инвестицијата на среден и долг рок.

 

giphy-downsized-large.gif

СОЛАРНО ТЕРМАЛНИ СИСТЕМИ или како може сонцето да ви помогне

Соларно термалните системи може да ја користат сончевата енергија на два начина: или ексклузивно за ДТВ или како backup за целиот систем за греење

Соларно термалните системи за домашна топла вода во просек имаат потреба од сончев колектор со површина од 4 до 8 м2 за одвоена самостојна куќа и овозможуваат доволно енергија за дневните потреби. Тоа значи дека водата не е потребно да ја загревате со помош на други генератори на топлина (мисли на греач во бојлер) а со тоа нормално ги намалувате трошоците за ел.енргија. Во МК за време на летните месеци целосно се задоволува потребата.

 

i7_infografik_nutzung_solarthermie_1x-EN.png

Соларно термален систем за ДТВ и за дополнително централно греење има потреба од поголема колекторска површина во просек од 6 до 14 м2. Во овој случај системот генерира топлина и за централното греење. Соларното централно греење најдобро функционира во комбинација со подно греење

СОЛАРНА ТЕРМАЛНА ЕНЕРГИЈА- Еколошко подобрување Соларно термалниот систем е атрактивен додаток кон конвенционалниот сисстем за греење. Кога бирате да користите солар ја намалувате употребата на фосилни горива, штедите пари и ја оставате животната средина во подобра состојба за идните генерации.

Идеалната можност за инвестиција во соларно термален систем е при нова градба или при промена на котел, без разлика дали е тој на ел. енергија, пелети, дрва, нафта, природен гас. Без разлика дали е зима, прилолет, лето или есен - соларно термалниот систем и системот за греење секогаш работат ефикасно.

i8_infografik_solare_deckungsrate_1x-EN.png

Првите сончеви зраци во пролет веќе може да се користат за загревање на водата во цилиндерот. За време на овој период греењето е овозможено од конвенционалниот генератор на топлина. Во лето целосно се користи соларно термалната енергија и во зима пак на системот му помага системот за греење.

 

АНАЛИЗА НА ТОШОЦИ

Во моментов во Германија има повеќе од 2 милиони соларни системи кои ги снабдуваат домовите со бесплатна енергија.

Соларно термалниот систем ги задоволува потребите на домаќинставата за ДТВ од околу 65%. Во лето бројката нормално е 100% и сите останати генератори можете да ги заборавите. Во основа вие генерирате нула емисии во атмосферата и имате нула оперативни трошоци.

i4_infografik_anschaffung_betrieb_und_wartung_1x-EN.png

Соларно термалните системи се futureproof начини за добивање на енергија. Сеуште постојат субвенции за нивно искористување.

ЗГРАДИ И СИСТЕМИ - Што треба да се знае

Соларно термален систем не може да се инсталира на секоја зграда, има неколку работи за кои мора да сте информирани.

Соларно термалните системи се инталираат на кровови со специјални монтажни системи. Поврѓината на кровот мора да е доволно голема и да има нагиб од 30 до 70 степени. Колекторите мора да бидат поставени кон југ, југо-запад или југо-исток. Се разбира дека кровот не треба да биде во сенка од околни згради или дрва. Згради заштитени како културно наследство не би требало да имаат соларни термални системи, ха ха. За да сте сигурни дека ќе може да се туширате и кога ќе зајде сонцето ви треба и цилиндер за чување на водата, па нормално дека ви треба и малку простор во подрум, остава или каде и да е. Најдобро е да се консултирате со стручни и искусни инженери кои ќе ви помогнат да го направите вистинскиот избор.

Знаете ли како работи вашиот клима уред?

Луѓето често ми поставуваат прашања за нивниот AC (air conditioner), како, што е Фреон или како работи клима уредот? Често почнувам со приказната  за тоа како магично ги нема сликите и апликациите од стариот iPhone кога ќе се префрлиш на нов, или каде оди целата музика, или пораките? Често за работите кои ги користиме секојдневно немаме баш јасна слика како вистински функционираат. Тоа често пати фрустира. Иако би било интересно да ви објаснувам како сликите и апликациите се префрлаат од стариот на новиот iPhone ќе го оставам тоа на некој друг од сферата да објасни. За среќа пак, можам да ви објаснам како функционира вашиот AC.

giphy.gif

Како функционира мојата клима? На кратко.

Епа како функционира централното разладување? Централните HVAC единици (што е па сега HVAC?), а всушност и сите модерни AC единици работат со слични оперативни принципи и компоненти како и вашиот ладилник. Ладилниците користат енергија за да ја пренесат топлината од својата внатрешност кон надвор, практично во вашата кујна, а при тоа одржуваќи ја содржината на ладилникот, студена.

Истото, вашата AC единица ја отстранува топлината од вашиот дом и ја префрла надвор. Да, ама како го прави ова? Го прави со помош на две спирални цевки: едната испарувачка (evaporator) другата кондензирачка (condenser). Испарувачите се наоѓаат во вашиот дом и го користат брзо испарувачкиот Фреон за да ја апсорбираат топлината од околниот воздух. Овој сега свеж и изладен водух се циркулира низ вашиот дом и нели, го лади.

Сега пак оној релативно загреан Фреон е на пат надвор од вашиот дом кон кондензаторот, каде со помош на компресорот (ова знаете што е) се кондензира и со тоа ја ослободува својата зачувана топлина надвор од вашиот дом, а со тоа почнува и новиот циклус, пак и пак. Токму ова својство на ладилните флуиди овозможува да работи вашиот AC.

ac-cycle.jpg